Драган Пејоски (64) од Струга шест години не може да наплати надомест за материјална и нематеријална штета причинета од каснување од куче скитник дознава Сакам Да Кажам.



Основниот суд во Струга донел правосилна и извршна пресуда за надомест на штетата во висина од 152.000, но износот се уште не му е исплатен зашто од Комуналното претприујатие му рекле дека немало пари.

Пејоски вели дека сега правдата ќе ја бара пред Судот за човекови права во Стразбур.

Во 2016, наутро кога чекал превоз за да оди на работа, десетина кучиња го касале по телото, но немало кој да му помогне.