Град Скопје распиша тендер за снабдување со електрична енергија откако досегашниот снабдувачот го раскина договорот. Поради најавена енергетска криза, фирмите кои имаат склучено договор со Општините и јавните установи почнаа да ги раскинуваат договорите оти цената на струјата се очекува ќе расте.



Од Град Скопје велат дека градот нема да остане без струја и улично осветлување додека се избере нова фирма, бидејќи постапено е согласно Законот за енергетика, јавува СДК.

Фирмата „У Пауер“ на 1 октомври го раскина договорот со Градот поради повисоките цени на електричната енергија на пазарот. Според договорот, цената за снабдување со струја беше за висока тарифа 4.029 денари без ДДВ за киловатчас и за ниска тарифа 2.37 денари.