СДК: Седница ќе има, ако треба пратеници и во „скафандери“ ќе донесат

За утре во 14 часот е закажана 32 седница на парлеменото со 21 точка, меѓу кои и Националната стратегија за борба против корупцијата, а по неа треба да се одржи 36. седница, на која треба биде изгласан петтиот пакет економски мерки.



Бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ нема потврда дали ќе се појават на седница, кворум може да обезбедат и пратениците од албанската опозиција, а едната пратеничка од СДСМ излегува од изолација, јавува порталот СакамДаКажам.

„Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација”, велат пратеници од владејачкото мнозинство, пишува порталот.

Пред два дена, пратеницичките групи и спикерот не можеа да се договорат најпрво да се одржи седницаата за петтиот сет антикризни мерки, на што инсистира опозицијата.