Од синоќа, без струја се оставени селата Оризаре, Ваксинце и Лојане, откако жители на липковското село Слупчане вчера се обиделе сами да ја приклучат струјата која им била исклучена во текот на денот, поради што направиле голема штета на системот, велат од ЕВН за порталот СДК.



Упадот го направиле во доцните вечерни часови кога насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект на Електродистрибуција.

„По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни и може да имаат трагичен крај“, велат од ЕВН за СакамДаКажам.

Жителите на Слупчане и денеска не дозволуваат ЕВН да постави системи за точно мерење на електричната енергија…