По наредба на судија на претходна постапка, Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот за организиран криминал во МВР утринава рано влезе во Државната изборна комисија да ја одземат, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, документацијата од договорот потпишан по преговарање без оглас со компјутерската фирма која не успеа да го одржи и да го работи сајтот на Комисијата на денот на изборите и деновите потоа.
Вечерта, по денот на изборите, 15 јули, граѓаните не можеа ниту да го следат броењето на гласовите и резултатите од избори, туку да видат каков било друг податок од клучниот орган за спроведување на изборниот процес, зашто сајтот падна вечерта по затворањето на избирачките места на 15 јули и беше мртов во наредните неколку дена.
САКАМДАКАЖАМ.МК влезе во јавнодостапната тендерска постапка и воочи нерегуларности за тоа како компјутерската фирма која била задолжена да ја одржува вебстраната на Комисијата, добила на јавната набавка недела дена пред изборите.
Повеќе на Сакамдакажам





