На површина од околу 150.000 метри квадратни на падините на Водно над Институтот за белодробни заболувања во скопско Козле ќе никне нова населба, објави порталот СакамДаКажам.
За ова веќе е изработен детален урбанистички план кој ги поминал сите фази и наскоро ќе биде ставен на усвојување од Советот на Општина Карпош.
Планот предвидува над Институтот за белодробни заболување, да се градат објекти за индивидуално живеење односно куќи со дозволена катност од приземје, два ката плус поткровје.







