(…)



„Штрајкуваат и вработените во Управата за водење матични книги. Поголеми плати бараат во Управата во која што не само што со недели и месеци се чека да се издаде матичен документ, туку Државниот завод за ревизија утврдил дека годишно се издаваат над 20.000 погрешни документи“ пишува Горан Михајловски во редовната саботна колумна.

„Од нивниот синдикат рекоа дека никој не го вреднувал нивниот труд. Како да им го вреднува? Тие заслужуваат поголеми плати само ако наместо по учинок, им се вреднуваат според број на грешки. Ако им се плаќа по грешка, ќе банкротира државата.

Викаат, е добро де, ама кој работи, тој и греши. Ама зошто да грешат за мои пари? Нека си грешат за свои пари.

Замислете ги касиерките во самопослугите што работат за минимална плата да грешат. Кој ќе им ги плаќа грешките? Муштериите? Или сами ќе си ги платат и ќе ги избркаат од работа. Замислете ги шивачките со минимална плата да грешат толку многу што ќе произведат 20.000 парчиња шкарт? Кој ќе им ги плаќа грешките?

И што се случува? Работниците во приватниот сектор што не смеат да згрешат, сега треба да обезбедат зголемување на платата на вработените во државниот сектор што можат да згрешат 20.000 пати годишно. И тие работници наместо да бидат шкартирани, уште и ќе штрајкуваат за поголема плата и ќе ја уценуваат цела држава – само венчаници „за бракчиња“ ќе издавале.

Па која приватна компанија може да издржи производство на 20.000 шкарт производи“?