Миљазим Мустафа, подносителот на претставката за разрешување на претседателката Беса Адеми, на денешнотро сослушување прочита член од Кривичниот закон со предупредување дека судијката е подложна на кривична одговорност казнива со затвор.



Тој ѝ прочитал и член од КЗ кој зборува за попречување на правдата бидејќи зборувала за притисоци врз судиите во интервју во САКАМДАКАЖАМ.МК, а не во Судскиот совет и тука прочита „затворска казна“, јавува СДК

На ова жестоко реагираа Адеми и адвокатката Павлина Зефиќ, со барање од тричлената комисија на Судскиот совет подносителот на претставката Миљазим Мустафа да престане да се заканува.

По интервјуто на 3 ноември , Адеми била повикана на рапорт во Судскиот совет. Откако таа кажала дека времето е кратко, но да се сретнат со претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на 8 ноември.

Два дена подоцна, на 7 ноември веќе членот Миљазим Мустафа и поднел претставка за разрешување…