Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, формирано лани во јуни, има 1.517 вработени кои не одат на работа ниту пак имаат простории. На чело на ова министерство е ексминистерот за животна средина Садула Дураки, кој досега нема никаква активност, ниту пак се појавил во јавност, објави СакамДаКажам.
Новото министерство нема своја веб страна, ниту некаде може да се добијат информации за контакт и во кои простории се сместени министерот Дураки и 1.517 вработени.
Годишно за работата на ова Министерство од буџетот на државата се трошат по 9,5 милиони евра.
Извори за СакамДаКажам велат дека овие 1.517 вработени се всушност рамковните административци кои со години не одат на работа, а земаат плата.





