Пред една година, премиерот Димитар Ковачевски, тогашниот министер за здравство Беким Сали и директорот на Градската општа болница (ГОБ)„ 8 Септември“ д-р Христијан Костов се сликаа на презентација на апаратот за зрачна терапија за онколошки пациенти, а апаратот сѐ уште не се користи, објави Сакам да кажам.
Со овој апарат, како што рекоа тие тогаш, требаше да се намали притисокот врз Клиниката за онкологија, каде дневно циркулираат над 100 пациенти.
Скапо платени машини за радиотерапија стојат неупотребени

Акцелераторот уште не е во функција, а од порталот велат дека безуспешни се обидите да се добие одговор зошто апаратот се уште не работи.







