Професот и декан на Градежниот факултет од Скопје, Горан Марковски оценува дека сериозна е работата со мостот „Беласица“ кој најверојатно ќе биде затворен за сообраќај најмалку една година, по пожарот кој изби минатата недела.
Марковски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека е потребна сериозна истрага и е зачуден од лежерниот однос на институциите.
Тој утрото по пожарот на барање на колегите од Град Скопје „неофицијално“ бил на увид и од првичните сознанија постои сериозен ризик за безбедноста на мостот,
„Високите температури штетат на три составни компоненти на мостот, односно на бетонот, обичната арматура и најкритична точка се каблите кои се внатре во бетонот на мостот. Каблите се изработени од високо вреден челик, тие се многу чувствителни на високи температури и ги губат своите карактеристики ако дојдат до контакт со висока температура. Прашањето е, односно треба да се утврди која температура стигнала до нив и дали нивната носивост е нарушена. Тоа не е ни малку лесно, бара сериозна истрага и не е добар ваквиот лежерен однос на институциите“, вели Марковски за СДК.
Марковски вели најпрво е потребно време од неколку месеци да се извршат испитувањата за да се даде извештај за состојбата, а потоа ќе треба време за реконструкција.
Град Скопје досега уште не ангажирал тим од Градежниот факултет и стручни лица кои ќе извршат испитувања на мостот, ќе направат извештај и ќе дадат насоки што понатаму, односно каква реконструкција е потреба пишува порталчот СакамДаКажам…







