Според последните податоци од Министерството за финансии, јавни и државни претпријатија, општини, болници, училишта , каде што партиите на власт ставаат на раководни функции свои кадри, пријавиле дека имаат долгови од вкупно 617,5 милиони евра, дознава Сакам Да Кажам.
Тие пријавиле доспеани долгови за 2021 година, што не ги платиле, милионски суми што ќе дојдат до последниот ден на таа фискална година, а пријавиле обврски што доспеваат оваа и следната година.
На листата должни јавни претпријатија, општини и државни институции прво е АД „Македонски енергетски ресурси“, фирмата што го гради гасоводот, со доспеан долг во декември од 83 милиони евра, плус најавени за до крајот на 2022 година неплатени уште 20 милиони евра, и вкупно должи 103 милиони и 400 илјади евра.
Второ најзадолжено државно претпријатие е Македонски железници транспорт – Скопје со над 79 милиони евра долг.
Трета е Општина Тетово со над 13,6 милиони евра,
следи ЈП Колекторски систем Скопје, па Општина Охрид, со по околу 10 милиони евра неизмирени долгови.
ЈП Водовод Куманово е шести на скалата најзадолжени со 8,1 милион евра,
па ЈП Водовод и канализација Скопје, кое има долг од над 10 милиони евра,
АД ЕЛЕМ има неплатени обврски од вкупно 72 милиони евра, од кои на д 50 милиони треба д доспеат годинава, а над 14 милиони евра во 2023 година.







