СДК: И покрај пломбата, „Интермецо“ продолжи со работа

Иако му беше изречена 30-дневна забрана за работа, кафулето во скопски Капиштец „Интермецо“ вчера продолжи со работа, јавува СакамДаКажам..



Според градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, направено е кривично дело и по добивање на записниците, ќе поднесе кривична пријава до надлежните органи.

Општина Центар вчера го затвори кафулето „Интермецо“ во скопската населба Капиштец на 30 дена поради гласна музика, по пријава и континуирани поплаки од страна на жителите.