Хаос со блокирани сметки во банка, неможност да се подигнат средства од шалтер, да се направат трансакции… настана по банките со ливчињата од МВР место нови лични карти. Пратениците си заминаа на одмор, не го изгласаа новиот Закон за лични карти, кој е со Република ѕ. Македонија и со опција за двојазичност според Законот за употреба на јазиците, пишува СДК.
МВР, сметајќи дека пратениците ќе го изгласаат новиот Закон за лични карти, си го надгради системот за лични документи и исправи и сега нема назад. Нови лични карти велат дека не смеат да даваат, 30-тина илјади граѓани кои поднеле барање за нова лична карта, останаа со ливчиња од МВР, кои не се лична исправа и не им важат никаде. Оваа бројка секојдневно расте, бидејќи МВР прима барања, но не издава нови лични карти објавува порталот.
„Со оглед на тоа дека ливчето што ми го дадоа од МВР не ми го призна банката како валидна исправа, јас не можев да ја исполнам законската обврска да ги ажурирам податоците. Како што налага законот, неажурирани податоци – блокирање на сметката. Мојата трансакциска сметка од денеска е блокирана!“, испратила скопјанка утринава допис до САКАМДАКАЖАМ.МК .
Целата информација на овој ЛИНК






