СДК: Директорот Цветанов ја ангажирал сопругата екс ,,мис” да му помага во државна институција

Шефот на државниот Совет за унапредување и надзор на ревизијата, Ване Цветанов ја ангажирал жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Трифуновска, која е поранешна мис на Македонија, оди секој ден на работа во оваа државна институција, потврдил Цветанов за САКАМДАКАЖАМ.МК.



„Министерството за финансии не ми одобрува вработувања, а пред две години една вработена замина во пензија, лани во март и сметководителка ја напушти институцијата. И покрај тоа што законски ми следуваат вработувања и имаме пари, министерот за финасии не ми одобрува вработувања. Затоа Дунавка ми помага, а за тоа не добива ниту денар и немам зошто тоа да го кријам“, вели Цветанов кого Владата на оваа функцијата го назначи во јули 2019.

Цветанов во изјава на СДК вели не гледа ништо спорно во ангажманот на сопругата и потврдува дека заедно со него таа одела на службени патувања дома и во странство.

Целата информација на СДК.мк во која не се открива дали на патувањата сопругата зема дневници и државата и го плаќа хотелот и транспортот на овој ЛИНК