Градоначалничката Данела Арсовска се уште не навестува дали годинава Градот ќе се украсува по повод новогодишните празници, дали ќе има новогодишна елка, прослава…
„Ќе имаме прес-конференција на таа тема и ќе кажеме“, одговори кусо Арсовска на конмкретно прашање од порталот СакамДаКажам.
„Арсовска лани го раскина договорот со фирма за новогодишно украсување од 240.000 евра што го склучи нејзниот претходник Петре Шилегов. Потоа, кажа дека Градот ќе се украси симболично со донации од приватни фирми. Беше поставена елка на Плоштадот, а украсени беа само три улици. Беше организирана и новогодишна прослава за дочек на Новата година со домашни пејачи, но за првпат Град Скопје не организираше новогодишна програма за деца и на Плоштадот Македонија не дојде Дедо Мраз,“ потсетува СДК..







