Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, почнува со постапка за да го врати споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред комплексот судови во Скопје, пишува СДК.мк.
Градоначалничката доставила барање до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на споменикот на истата локација од која беше тргнат од просторот пред комплексот судови.
Споменикот го отстрани поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година затоа што бил дивоградба.







