Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, бара да не важи одлуката на нејзиниот претходник Петре Шилегов и да се вратат старите имиња на 485 имиња на 485 улици.
Арсовска, во образложението вели дека одлуката на Шилегов има пропусти и затоа не може да се спроведе целосно, објави порталот СДК.
На 30 март 2021 година по предлог на тогашниот градоначалник Петре Шилегов беа сменети имињата на 485 улици.
Тогаш Шилегов рече дека ги враќа старите имиња, врежани во меморијата на Скопје кои беа заменети со имиња на личности од антиката.
Новите имиња беа избрани на анкета па така многу значајни личности од поново време добија улици во Скопје, пишува порталот.







