Според еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, бугарскиот европратеник Андреј Ковaчев му е таен помошник и ќе продолжи да работи со него во обид да се надмине блокадата на Македонија за почнување на пристапните преговори со ЕУ.
Вархеји вчера одговараше на прашања на европратениците од Комитетот за надворешни работи и запрашан конкретно за можен датум за отпочнување преговори рече:
„За датум треба да го прашате словенечкото претседателство, јас работам на проблемот, работам да ги придвижам работите и се обидувам да ги натерам луѓето да гласаат.
Ќе продолжам да работам со Андреј Ковачев, кој ми е таен соработник“, одговори Вархеји, додавајќи дека најконкретен термин што може да го каже е декември“, пренесе порталот СакамДаКажам.
Ставот на Ковачев за Македонија е познат…







