СБ на ОН: Со нападите Сирија се враќа во камено доба

На барање на Русија денеска се одржува итна седница на Советот за безбедност на ОН, во врска со нападите на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија



Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небенза, на нагласи дека научните објекти на кои биле цел на нападите служеле за подобрување на економијата на земјата.

„Дали сакате да ја вратите Сирија во камено доба? Пред конфликтот во Сирија таа беше една од најразвиените земји на Блискиот Исток “, рече рускиот амбасадор и додаде дека САД „го кршат меѓународното право, како што беше случај со поранешна Југославија“.

Генералниот секретар на ОН Антинио Гутере рече дека тврдењата за хемиски напад во градот Дума во саботата што беа и повод за нападите,  треба да бидат испитани од тим експерти од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПХВ), чиј тим денес требаше да се појави на теренот.

Москва предложи нацрт-резолуција со која се осудува „агресијата на САД и нејзините сојузници во Сирија и кршењето на меѓународното право и Повелбата на ОН“.

Но, за усвојување на резолуцијата потребни се најмалку 9 гласови од 15членки на СБ на ОН, а воедно ниедна од петте постојани членки – Русија, Кина, Франција, Велика Британија или САД – да не стават вето.

Истовремено, САД ги повика Русија и Иран да го осудат користењето хемиско оружје од страна на, како се нарекува, „режимот“ на Башар ел Асад.