Советот за безбедност на ОН нема да одлучува ниту да дискутира за Преспанскиот договор, туку само ќе биде информиран, пишува МИА , по вечарашната „порака“ од Москва.
Руското Министерство за надворешни работи вчера излезе со став дека Договорот од Преспа, кој става крај на 27 години спор за името меѓу Атина и Скопје и го отвора патот за членство во НАТО и ЕУ под името Република Северна Македонија, треба да биде разгледан во Советот за безбедност на ОН.
Во договорот потпишан на 17 јуни од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, е предвидено:
Прво, по завршувањето на уставните измени во Република Македонија и ратификацијата на договорот во грчкиот парламент, генералниот секретар на ОН ќе испрати информации до Советот за безбедност на ОН дека прашањето е решено со заемна согласност на двете страни.
Второ, Советот за безбедност на ОН нема да расправа ниту да решава по ова прашање.




