Савески за Фактор: Со замрзнување на цените Владата покажа знаење…

Здравко Савески, економист и заштитник на правата на граѓаните вели дека замрзнувањето на цените веќе покажало дека одлуките на Владата се сосема оправдани и издржани.



“Со овие одлуки Владата покажа дека има знаење да утврди цени кои ќе бидат и со профит и за производителите и за трговците, односно ќе бидат поприфатливи за граѓаните, но и и со заработка за компаниите“, вели Савески за Фактор.

Цените на 11 земјоделски производи од утре ќе бидат замрзнати согласно последната одлука на Владата.

За земјоделците одлуката е погубна за секторот, истакнуваат дека со последното замрзнување тие се обесправени, но и дека ова води кон затворање на оранжерии и замирање на градинарското производство во земјава бидејќи мораат да продаваат под производната цена.

„Репроматеријалите поскапеа за 50 отсто, енергенсите, вклучувајќи ја и струјата поскапеа 4 пати. Влезните трошоци се превисоки, а има силна конкуренцијата од Албанија, Грција и Турција кои имаат поблага клима и не користат енергенси за затоплување. Нивниот производ во старт е поевтин, а дополнително со увозните поволности станува многу поконкурентен од домашното производство“ се жалат производителите.

Савески потенцира дека ако не биле преземени некакви мерки за сузбивање на „ценовното цунами“ тогаш ќе биде уште полошо по однос на животниот стандард на граѓаните, и дополнува дека и покрај тоа што се замрзнати производите на повеќе продукти има простор и во иднина да се замрзнат цените и на други производи…