Савески: Работниците здружени да бараат раст на платите како и инфлацијата, за да не ја платат цената на поскапувањата“

„Најновиот бран поскапување на производите во малопродажба, особено кај основните прехрамбени продукти дополнително ја зголеми загриженоста кај граѓаните. Стравот од понатамошен раст на цените уште повеќе се зголеми, а со тоа и дека животниот стандард ќе се намали дополнително.“ – вели информативниот портал „Фактор“ во својата анализа со наслов „Животниот стандард ќе го заштитиме, ако се избориме за повисоки плати“.

„Фактор пишува: „Како да се заштити животниот стандард е неминовно прашање, но и дали кон подобар стандард на сите граѓани може да придонесе поголема вработеност, односно поголема ангажираност на работоспособното население.“

„Во услови на инфлација цената на поскапувањата ќе биде платена од работниците или со воведување прогресивен раст на данокот, со што државата ќе се стреми кон прибирање повеќе средства, кои потоа ќе може да ги вложи за помош на најсиромашните, или со подобрување на услугите за сите граѓани.’ – истакнува Здравко Савески, доктор по политички науки и социекономски и политички аналитичар.“

„Се почести се укажувањата на граѓаните дека иако работат, сметаат дека се сиромашни и оти најголем дел од парите ги трошат на основни потреби. Граѓаните посочуваат дека се дополнително загрижени оти со инфлацијата, која не зафати последниве месеци парите ќе се трошат само на основни продукти.“

„Савески нагласува: „Ако работниците не се здружат и ако не си ги бараат правата, ако не бараат раст на платите, ако не се изборат за ниво, со кое ќе се на изедначат трошоците да им бидат на слично ниво како пред инфлацијата, тогаш ударот сигурно ќе го чувствуваат. Ова особено се однесува на приватниот сектор каде работат најголем дел од работниците, и сочувувањето на стандардот ќе зависи од нивната способност да се здружат и да бараат платите да одговараат на нивото пред инфлацијата.“



Интернет-врска до целата анализа:

https://faktor.mk/-zivotniot-standard-kje-go-zashtitime-ako-se-izborime-za-povisoki-plati