Савески: Работниците обединети да спречат инфлацијата да им ги намали платите и нивниот број

„Меѓународниот ден на трудот, Први мај, оваа година се одбележува во услови на длабока економска и енергетска криза, проследена од пандемијата, воениот конфликт во Украина, како и бранот работнички штрајкови за повисока плата во низа сектори и стопански гранки. За првпат по речиси три децении 1. Мај го дочекуваме и во услови на растечка инфлација, која врши сериозен притисок врз стандардот на работниците и врз стопанството.“ – вели Катерина Михајлова во својата анализа со наслов „По три децении еден поинаков 1. Мај“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Михајлова пишува: „Економската криза еднакво напаѓа и врз стопанството и врз работниците. Таа ги разбуди синдикатите, кои штрајкуваа и протестираа, барајќи поголеми плати и услови за работа. ‘Овој 1 Мај, првпат по речиси три децении, го дочекуваме во услови на растечка инфлација. Таа врши сериозен удар врз стандардот на работниците, намалувајќи го реалниот износ на нивните плати. Соочени со таква ситуација нашите работници, иако познати по избегнувањето на борбата за своите права, почнаа да го креваат гласот. Дали тие ќе бидат оние што ќе ја платат сметката на инфлацијата, ќе зависи од нивната сопствена борбеност и здруженост.’ – објаснува Здравко Савески, доктор по политички науки и економски аналитичар.“

„Савески вели дека инфлацијата не е ситуација, во која не може да се решение од кое никој нема да губи. ‘Инфлацијата навлегува во воспоставената распределба на приходите. Сметката ќе ја платат или работниците или капиталот. Еден од начините како може да одигра капиталот е преку намалување на бројот на работниците и префрлање на работните задачи врз преостанатите работници. Но за да не дојде до ова, работниците треба да ги збијат редовите, да покажат меѓусебна солидарност и да не дозволат на ваков начин тие да бидат на удар на инфлацијата.’ – смета Савески.“

„Според Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организацијата на работодавци на Македонија, во услови на криза работничките права се на удар, но најмногу страда бројот на работни места, додека правата од работниот однос постојано се подобруваат. Државата со огромниот број измени на Законот за работни односи постојано ги зголемува работничките права, но понекогаш тоа е надвор од пазарните законитости. Така се случи со минималната плата, која ја поставивме многу високо во однос на просечната, а сега имаме проблем со покачување на повисоките плати од минималната.’ – укажува Димитров.“

Интернет-врска до целата анализа:



https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/po-tri-decenii-eden-poinakov-1-maj/