Белата куќа неуспешно се обиде да договори разговори меѓу претседателот Бајден и де факто лидерите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, додека САД се обидуват да добијат меѓународна поддршка за Украина и спречување на порастот на цените на нафтата, изјавија претставници на Блискиот Исток и на САД.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и шеикот на ОАЕ Мохамед бин Зајед ал Нахјан и двајцата ги одбија барањата на САД да разговараат со Бајден во последниве недели, рекоа официјалните лица, бидејќи претставниците на Саудиска Арабија и Емирати станаа погласни во последните недели во нивните критики на американската политика во Заливот, пишува Вол стрит Џорнал.
„Имаше некои очекувања за телефонски повик, но тоа не се случи“, рече американски претставник за планираната дискусија меѓу саудискиот принц Мохамед и
Саудијците сигнализираа дека нивните односи со Вашингтон се влошија под администрацијата на Бајден…






