Саше објави фото-доказ дека бил истепан од сопругата

Саше Ивановски -Политико на својот Фејсбук профил објави фотографија од повредите со кои се здобил за време на блиската средба со неговата сопруга.



За сериозната кавга во нивниот дом, двајцата сопружници побарале помош од полицијата и притоа го обвинувале брачниот другар дека се заканувал со нож.

На неговиот портал „Мактел“, Ивановски објави дека за повредите од нападот имал потврда до Гратска болница.

Кавгата, според него, ја направила неговата сопруга поради љњубомора која почнала пред пет години откако тој на една прес конференција седел до – колешка новинарка. Поради тоа, тој често го напуштал домот и престојувал во Кратово.

Случајот го потврди и МВР од каде велат дека го расчистуваат случајот.