Сарџоска – Сарсовски: На Скопје му се случува урбицид

Социјалниот антрополог Наташа Сарџоска Сарсовски за архитектонско убиство од големи разбери ја оценува одлуката на градските власти да преименуваат улица поврзана со туркското културно наследство.



Тоа што се случува во старата скопска чаршија е бришење на историјата и културно насилие, смета дипломката од универзитетот Сорбона и соработник на низа европски институции и организации.

“Во Турска чаршија да се преименува Јорганџиска улица во Европска улица, простор на кој нема никакви траги а уште помалку просторна меморија од Европа (туку од Отоманската Империја), е бездруго чин на бришење на колективната меморија и насилие врз културното наследство (ај да не зборувам за колонизаторски пракси) и урбицид, а тоа пречи од секој поглед ( пред се’ естетски)”, смета Сарџовска.