Сарацин како Баба Ванѓа: Недипломатска изјава на Берлин за македонската иднина (ВИДЕО)

Недипломатска изјава на германскиот специјален пратеник за регионот кој во стилот на Баба Ванѓа гледа нејаснотии на македонскиот пат кон иднината.



,,Свесни сме за чувствата, има многу стравови за идентитетот, културата, јазикот, но ве уверуваме дека Германија го следи тоа, Германија верува во македонската култура, во македонскиот јазик и Германија знае за македонскиот идентитет и сето ова го гледаме како пат кон иднината во ЕУ”, вели специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Емануел Сарацин, во краток разговор за „360 степени“.

Сарацин не открива дали мисли на економски и финансиски проблеми или на нејаснотии кои можат да доведат до распад на Македонија.

,,Мислам дека на оваа земја ѝ треба лето на примирје, поголема јаснотија за идниот пат на земјата – и за самата земја, но и за ЕУ… Ако ова лето уставните измени не се спроведат успешно, тогаш гледам многу тешкотии во наредниот период. Најмалку ќе има големо губење време, а тоа е доброто сценарио. Во лошото сценарио гледам многу нејаснотии за патот на Македонија”, порачува Сарацин во разговорот.

За жал новинарот со кој разговара не го потпрашува дали Сарацин кога Бори за тешкотии и нејаснотии мисли на распаѓање, на федерализација, поделба на Македонија или на етничка и политичка криза.

Целото интервју во видеото