Сарацин: Албанија, без Македонија, може да чекори кон ЕУ

Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин смета дека Албанија е способна сама да чекори кон ЕУ, но дека за тоа треба едногласна одлука на Советот на Унијата.



Ова беше одговор на прашањето во гостувањето синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори дали Албанија може сама да продолжи по патот до ЕУ ако Македонија не го смени Уставот?

„Бев пратеник 30 години. Работев на проширувањето. Речиси 10 години бев еден од најсилните противници на разделувањето.

Кога Албанија сакаше да се раздели, јас бев против. Македонците сакаа да се разделат, им реков не, вака и вака. Мислам дека мојата способност да го задржам својот став се намалува секој ден.

Албанија е способна сама да чекори кон ЕУ. Ако Советот изгласа едногласно, можно е, но сѐ уште не се знае“, вели Сарацин.