„Без оглед на неодамнешните одлуки на судот во случаите ‘Трезор’ и ‘Таргет-тврдина’, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат на сила“, велат од Амбасадата на САД за „А1он“.
Од Амбасадата не навлегуваат во коментирање на одлуките на судиите.
Случајот „Таргет-Тврдина“ денеска пред Судскиот совет
Апелација ја укина пресудата за „Таргет-Тврдина“, случајот за масовното прислушување во Македонија. Со ова предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен, Сашо Мијалков, кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осудена на четири години, началникот на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство и осуден е на 15 години, како и Никола Бошкоски, кој исто така е во бегство, а изречена му е 15-годишна затворска казна. Претходно Мијалков беше ослободен за случајот „Трезор“.
Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата.
Застарувањето на делата за Мијалков и останатите обвинети за прислушкувањето, значи дека државата ќе треба да плаќа оштета на сите незаконски прислушкувани.







