Организаторите на Австралија опен ги забранија руските и белоруските знамиња во областа Мелбурн Парк по жалбата на украинскиот амбасадор во земјата.
Вчера, руски навивачи на трибините вееја знамиња за време на мечот во првото коло помеѓу Украинката Катерина Баиндл и Русинката Камила Рахимова на првиот ден.
„Силно го осудувам јавното истакнување на руското знаме за време на натпреварот на украинската тенисерка Катерина Баиндл на Австралија Опен денес“, напиша на Твитер амбасадорот на Украина во Австралија и Нов Зеланд, Васил Мирошниченко.
„Го повикувам Тенис Австралија веднаш да ја спроведе својата политика за „неутрално знаме“.
Украинските навивачи наводно повикале обезбедување и полиција на трибините. „Знамињата на Русија и Белорусија се забранети на теренот на Австралија опен“, се вели во соопштението на Тенис Австралија.






