Санкции за Турција ако го купи рускиот систем „с-400“

Доколку Анкара го купи рускот ракетен одбранбен систем С -400 како што планира, Вашингтон ќе воведе санкции против земјата НАТО партнер.



Турција сака својот воздушен простор да го заштити со руски одбранбен ракетен систем, додека  Вашингтон инсистира Анкара да г купи американскиот систем „Патриот“.

Американската влада, според телевизијата СиЕнБиСи, поставила ултиматум,  Анкара во рок од две недели да се откаже од купувањето на рускиот систем, во спротивно следат санкции.

Истовремено Вашингтон се заканува дека нема да и испорача на Турција борбени авиони од типот Стелт Ф-35.

Во Турција, се чини воопшто не се вознемирени: турскиот министер за одбрана Хулуси Акар неделава најави дека турски војници се на обука во Русија за ракување со системот С-400. Системот треба да биде испорачан во јуни или јули и најдоцна до есен да биде инсталиран.

Извор: Дојче веле