Санацијата на средниот столб и на главните носачи на железничкиот мост на Црна Река, во близина на Стоби, е саниран.
Утре, во периодот од 11 до 14 часот ќе се изврши пробно испитување-пробно товарање на мостот.
„Очекуваме се’ да биде во најдобар ред со носивоста на мостот и ќе се направи технички прием, по што планираме утре попладне повторно да го пуштиме товарниот сообраќај на релација Скопје-Гевгелија кон Солунското пристаниште и обратно кон земјите од средна Европа“ информира за МИА, Никола Марков од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.
Од 15 ноември, патничкиот железнички сообраќај се изведуваше комбинирано – од Градско до Неготино и обратно – патниците се превезуваа со автобус, додека од Скопје до Градско и од Неготино до Гевгелија се воз.
Првиот воз, без преместување на патниците, ќе биде оној кој од Гевгелија за Скопје поаѓа утре во 16,20 часот.







