Саниран дефектот – Скопјани до полноќ ќе добијат вода

Саниран дефектот кој предизвика прекин на водоснабдувањето во поголем дел од град Скопје, известија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.



Од таму јавуваат дека водата ќе се пушта постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови во Скопје и кај сите корисници.