Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика канцелариските работници на работа да одат без вратоврска кога е можно за да се заштеди енергија, објави Дојче веле.
На прес-конференција, тој и самиот без вратоврска и со отворена јака на кошулата, рече дека заштедата на енергија треба да ги надмине барањата дрес-кодот на високи температури.
Според премиерот, така нема да има потреба од користење клима-уреди
Тој прво побара од министрите и државните службеници да го следат примерот, надевајќи се дека приватниот сектор ќе го следи примерот.
Во понеделник, шпанската влада би можела да преземе „итни“ мерки за заштеда на енергија, „во согласност со она што го прават другите европски земји“, рече Санчез.







