Само во Македонија: Додека држел прес за избеган затвореник, избеганиот му ставал ,,жални” лајкови

(Не)секојдневна случка му се случила на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додека држел прес конференција за избеган затвореник од затворот во Шуто Оризари избеганиот затвореник му ставил лајк.



,,Па има ли поголем срам за државата!?

Човекот за кого денеска држев прес- конференција дека избегал од затвор, ми става “ЛАЈК” на статуси, од слобода и во бегство!”, објави Стоилковски која бара оставки од директорот во Шутка и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Додека Стоилковски зборувал за избеганиот затвореник и системот за контрола на затвореници избеганиот затвореник Нафи Абдиоски ставил симбол кој изразува сожалување на видео стримингот на портпаролот.

Абдиоски е се уште во бегство.

Линк до статусот на Стоилковски

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0zEy7NEtfz96iGPEjpXY65SqVVJiA8ppK9QgkKpiUngQ5A18xXc11U1i6UVC33d8Tl&id=542940498&mibextid=Nif5oz