Само во БиХ има помала минимална плата од оваа во Македонија

Македонија се наоѓа убледиво на дното според листата за миниамлните плати во регионот што ја објави Евростат.



На анкета каде се споредува 2014-та со 2024-та година полошо со минимална плата стојат само – Босанците со минималец под 320 евра.

Со плата од само 327 евра, Македонија е со најниска минимална плата во споредба со земјите кандидати за членки во Eвропската Унија од регионот.

Повисок, 350 евра е минималецот во Албанија, а во Србија минималната плата е 402 евра.

Речиси двојно повисока минимална плата се исплаќа во Хрватска (677 евра), тројно во Словенија (1.203 евра).

Зголемување на минималната плата е најавено за следниот месец.