„Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат. Ова СДСМ што го стори на македонските граѓани не ветува сигурна економија и подобра иднина. Ова ветува единствено сигурен банкрот на државата.
На Република Македонија и е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат од партијата преку соопштение. Оттука велат дека владата на Социјалдемократскиот сојуз во својот мандат обезбедила сигурна сиромаштија.
СДСМ и Зоран Заев единствено се грижат за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена. На Република Македонија не и е потребна уште една влада како минатата за да граѓаните осиромашат“, наведуваат од партијата.





