Кандидатите за претседател што влегоа во вториот круг, Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова на 2 мај ќе се соочат во еисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.



 Соочувањето ќе биде во живо во емисијата „Само вистина“ на 2 мај, четврток, со почеток во 18.45, на само еден ден од изборниот молк и 3 дена пред одлучувачкото гласање закажано за 5 мај…

И Сиљановска-Давкова и Пендаровски одговорија позитивно на поканата.

Дуелот ќе трае 100 минути, јавија од Канал 5.