Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), со кое раководи Вилма Русковска, денеска до Кривичниот суд во Скопје поднело обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест лица.
Екс генсекот на владата се истражуваше за повеќе кривични дела.
Во одбрана на Рашковски остана премиерот Зоран Заев, кој неколкупати досега изјавуваше дека лично проверил оти набавката била законски направена, дека Владата не би купувала софтвер ако нема потреба за тоа.
Во еден момент Заев дури изјави дека не ѝ верува на обвинителката Русковска во овој случај
Обвинителството досега повеќе пати бараше тој да се врати во затворски притвор но под чудни околности Рашковски остана во домашен притвор а без знаење на Русковска шеташе сам низ Скопје без полициска придружба.






