Унгарскиот премиер Виктор Орбан во опширно интервју со поранешниот водител на Фокс њуз Такер Карлсон изјави дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина ќе биде реизборот на Доналд Трамп за претседател, пренесува АП.
Во интервјуто, објавено X, поранешниот Твитер, Орбан ја пофали надворешната политика на Трамп, критикувајќи ја администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и нејзиниот пристап кон војната.
Тој рече дека враќањето на Трамп на функцијата ќе биде „единствениот излез“ од конфликтот и дека секоја сугестија дека Киев може да победи во војната против Русија е „лага“.
„Русите се многу посилни, многу побројни од Украинците“, рече Орбан. „Повикајте го Трамп… Трамп е човекот кој може да го спаси западниот свет“ вели унгарсакиот премиер.
Во интервјуто, Орбан ги критикуваше низата федерални обвиненија против Трамп, како злоупотреба на државната моќ на САД, нешто што тој рече дека би било незамисливо во Унгарија.
„Да се користи судскиот систем против политичките противници – во Унгарија, мислам дека е невозможно да се замисли“, рече тој. „Тоа го правеа комунистите.
Тоа е многу комунистичка методологија“, вели Орбан.






