Само што се врати во СДСМ ДУИ удри по најзвучниот проект на Заев

Само што се врати во СДСМ онсњ ,,обедини”, со Ковачевски и својата партија ДУИ преку
својот портпарол и министер за надворешни работи Бујар Османи удри по најзвучниот проект на Зоран Заев.



Министерот Османи највува сака Македонија ќе го преиспита учеството во Отворен Балкан
доколку се докаже државно учество од страна на Србија во инцидентите во Косово на 24 септември.

Според неговата изјава учеството на Македонија во проектот Отворен Балкан е доведен во прашање поради случувањата на северот на Косово на крајот на септември. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во на ТВ Телма најави преиспитување на учеството на Скопје во иницијативата во која се уште и Белград и Тирана, доколку се докаже дека српската држава имала учество во инцидентите во Косово на 24 септември.

„Таа беше добронамерна идеја, меѓутоа мислам дека после случувањата во Косово на 24 септември, навистина треба Србија да направи напори и да докаже дека не се вмешани во тој настан. Бидејќи доколку има било какво државно вмешување навистина го прави невозможно нашето учество и на другите земји во регонот, бидејќи идејата на Отворен Балкан беше помирување. Ова што се случи во северно Косово со нападот, се надевам дека ќе се докаже дека нема државно вклучување, но ако се докаже навистина мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество“, рече Османи.

Со изјавата Османи се стави во незгодна ситуација доколку нема докази за инволвирање на Белград во случајот да оди контра косовската претседателка Вјоса Османи која веќе ги обвини Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ дека се директно одговорни за нападот.

Проектот Отворен Балкан е најзвучната активност на Зоран Заев кој се очекува да биде експлоатиран за време на предизборието по минатонеделното ,,обединување” на Заев со Ковачевски.

Преходно имаше повеќе информации дека во ДУИ му се лути на екс премиерот заради чекори кои се насочени против Мала Речица поради што оваа изјава на Османи може да се толкува и како одмазда кон Заев кој го водеше проектот Отворен Балкан.

На 24 септември се случи еден од најтешките инциденти по осамостојувањето на Косово во 2008 година. Еден косовски полицаец беше убиен во престрелка со вооружена група.

По интервенцијата на косовската полиција, групата од околу 30-тина тешко наоружани напаѓачи се забарикадира во околниот манастир Бањска. Во престрелките со косовските безбедносни служби тројца напаѓачи беа убиени, другите избегаа. Полицајците потоа запленија разни видови оружје, еден џип и едно блиндирано возило.

Парамилитарната групација ја предводел Милан Радоичиќ, жител на северот на Косово, кој во меѓувреме беше уапсен во Белград и пуштен од притвор, но одземен му е пасошот.

Радоичиќ призна одговорност за нападот на српските милитанти врз косовските полицајци.

Официјален Белград демантираше дека стои зад терористичката операција.

Најчитани вести

Обвинителката го најави ,,скандалот над скандалите”

Русковска отвори војна со СДСМ и ДУИ – кој и нудел висока функција за да запре истраги (ВИДЕО)