Мерката за ослободување од работа на родителите на деца до 10 години продолжува да важи по најавеното отворање на градинките идната недела, на 9 септември, објави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
„Истакнавме дека приоритет, влезен критериум за сместување на деца во градинка ќе биде самохран родител и двајца вработени родители. Родителите кои ја користат мерката за чување деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат. Не ја укинуваме оваа мерка“, рече Шахпаска.
Фокус потсетува дека оваа владина мерка ќе важи само за децата кои се запишани во градинка, бидејќи во јули беше укината владината мерка, со која еден од родителите на деца под 10 години, на школска возраст, се ослободуваше од работа.
„Со последната промена од јули, само родителите на децата што одат во градинка, се ослободени од работа. Останатите се вратија на работните места по завршувањето на учебната година. Други измени периодот не се направени“, велат од Владата за Фокус.






