Страните во израелско-палестинскиот конфликт мора веднаш да го прекинат насилството и да ги намалат тензиите.
Овој повик беше упатен во заедничка изјава на Кина, Норвешка и Тунис по синоќешниот отворен состанок на Советот за безбедност на ОН.
И по вечрашната Среба на Советот за безбедност на ОН, не била постигната „заедничка изјава“ за најновите несилства меѓу Израел и палестинска Газа.
„Побаравме итен прекин на сите акти на насилство, провокација и поттикнување на уништување …Ги повикуваме двете страни да дејствуваат веднаш за да се намалат тензиите и да се стави крај на насилството“, рече постојаниот претставник на Норвешка во ООН, Мона Џил, кој ја даде изјавата во име на трите земји.
Кина, Норвешка и Тунис исто така повикаа на „засилување и забрзување на дипломатските напори“ за да се дојде до решение за прашањето на палестинско-израелскиот соживот..







