Од почетокот на годинава над 154.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во Грција.
Само во месец август околу 50 илјади илегални мигранти биле вратени од границата и не биле во можност да влезат во земјата, изјави министерот за миграција Нотис Митаракис.
Тој нагласи дека не сака Грција да стане порта за илегална миграција во европските земји, пренесoa медиуми вест на Франс прес.
Владата во Атина веќе најави дека нејзин приоритет е граничната контрола и ќе ја прошири граничната ограда од 40 километри на копнената граница со Турција за уште 80 километри.
Ќе се зголемат патролите долж реката Марица, од каде во последните месеци влегоа стотици мигранти во режија на турските гранични власти, јавуваат грчките медиуми.
Властите во Грција се убедени дека мигрантите Анкара ги користи за притисок врз Европската унија.
Според Атина, не станува збор за бегалци од области со воени операции, туку за економски мигранти – од Африка и Блискиот Исток, кои преку Грција се обидуваат да стигнат до централна Европа.






