Само една болница во Газа прима пациенти

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања објави дека од 24 болници во северниот дел на Појасот Газа – во градот Газа и околината – остана само една која прима нови пациенти, преннесуваат медиуми.



Според ОН, 18 болници се целосно затворени и евакуирани.

Пет други болници, вклучувајќи ја и најголемата во градот, Ал-Шифа, обезбедуваат само основна нега на пациентите.

„До овие болници нема пристап, немаат струја и не примаат нови пациенти“, велат од ОН.