Само 25 проценти од Французите би го поздравиле зачленувањето на Македонија во Европската унија, покажува истражувањето на Фондацијата „Отворено општество“ објавено на 2 февруари.
За нијанса поголема поддршка имаат Црна Гора (27 отсто) и Украина (26 отсто), а зад Македонија се Србија со 22 отсто, Босна и Херцеговина и Албанија со по 20 отсто, Косово со 15 отсто и Турција со 12 отсто.
За разлика од Западниот Балкан, чие приклучување во Унијата би било лош потег за дури 59 проценти од Французите, наспроти само 22 отсто со спротивно мислење, влез на Норвешка во ЕУ поддржуваат 81 отсто од нив, а на Исланд 75 отсто.





