Присуството само на знамето на Албанија на средбата меѓу албанскиот претседател Илир Мета и тетовскиот градоначалник Билал Касами, а не и на државата Македонија во која се сретнаа и чиј град претставува лидерот на Беса, не остана незабележано од холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг.
„Билатерална средба, но присутно само едно знаме. Дури ни градското знаме на Тетово“, коментира Ван ден Берг на Твитер.





