Слаб е одѕивот на матичните лекари интернисти на апелот на министерот венко Филипче кој пред две недели ги повика на средба интернистите, и ги покани да помагаат во болниците во борба со пандемијата.



Само девет од вкупно 56 приватни интернисти прифатиле да помагаат на своите колеги во државните болници кои лекуваат пациенти со КОВИД-19.

Претседателот на здружението на лекари интернисти, Александар Манолев вели дека причината е што дел од лекарите веќе имаат премногу пациенти, а голем дел од нив се и во поодмината возраст. Деветемина доброволци чекаат распределба.