Пратеникот Самка Ибраимовски предизвика жестока кавга припадници на најранливи категории граѓани откако го оправда премиерот Заев кој го употреби зборот пе*ер.
“Не знам зошто толку навреда околу зборот педер, не го измисли Заев, секој еден од нас го користи тој збор, голем пе*ер си не ја заврши работата, ова почесто се користи во секојдневието. Да не кажам колку навреди имаше лично за мене, Ци*ан никаквец, итн, никој не региравте, сега кога Заев кажа народски и се извини на ЛГБТ групата пред да каже, незнам што е толкава паника. Бил Премиер и не требал со таков вокабулар, па и тој човек од народот, и нормално дека ќе каже некој збор народски, ништо ново не измисли, и тоа се однесува за поединец, а се знае за кого, на крајот Заев е Премиер, се бори за расчистување со Криминалците, и ова сценарио што е направено треба да се најде Режисерот, и се ќе биде јасно кој се е замешан во Рекет”, напиша пратеникот на што доби провокација прашање дали ова важи и за навредливиот збор за Ромите, ци*ган.
Меѓу другите крајно навредливи реакции Ибраимовски доби прашање од јавно деклариран хомосексуалец кој прави паралела меѓу употребата на двата навредливи зборови од кој за Ибраимовски еден е прифатлив за јавна комуникација.
Дел од коментарите поздравуваат Албанците да им го “начукаат” на Македонците а Ибраимовски 4 дена по објавувањето не избришал ниту една од навредите.
“Па и ци*ан е збор кој не го измисливме а ве навредува, а го користиме секојдневно, ај не се прави ци*ан, не лажи како ци*ан и скоро секој го користи. Ци*о, ци*ан, баци … Ама тоа ве навредува, нели? Сакате Ром. Е па и нас хомосексуалците не навредува пе*ер, сакаме геј, хомосексуалец, а не пе*ер, важи ба*инела?”, пишува во својот одговор Данчо Георгиев.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2683615931672754&id=100000731217312





